Пред стартот на формула 1 трката во Сочи, сите пилоти што учествуваа во првото натпреварување во Русија му порачаа на повредениот Жил Бјанки дека се со него, со порака „ова е трка за Жил“.
Бјанки кој има 25 години се уште е во болница по стравичниот удар во возило на патеката „Сузука“ во Јапонија, минатиот викенд. Францускиот пилот претрпе тешки повреди на главата и беше опериран во болница во Јапонија. Колегите не го заборавија, што е гест за респект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



