| четврток, 6 декември 2018 |

Во Босна и Херцеговина се одржуваат општи избори

 

босна

Во Босна и  Херцеговина денеска се одржуваат општи избори. Вкупно 5.404 гласачки места во цела БиХ денеска беа отворени од седум часот и се до 19 часот граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас.

Граѓаните ќе избираат тројца членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, во Пратеничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ и во Народното собрание на Република Српска, претседател и потпретседатели на српскиот ентитет, како и членови на десетте кантонални собранија во Федрацијата БиХ.

За изборите се регистрирани 3.278.908 гласачи, кои ќе треба да избираат меѓу кандидатите од 113 политички собјекти.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека овие избори нема да донесат значајни промени во односот на силите меѓу политичите партии и структурите на власта.

Во Федерацијата Босна и Херцеговина се очекува најмногу гласови да освојат СДА, Социјалдемократската партија (СДП) и двете крила на Хрватската демократска заедница – ХДЗ и ХДЗ 1990. Покрај овие три партии, места во органите на власта се очекува да обезбедат и Демократскиот фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ и Сојузот за подобра иднина (СББ) на Фахрудин Радончиќ.

Во Република Српска, пак, главната битка ќе се води меѓу коалициите предводени од Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) и од Српската демократска партија (СДС).  

Главни кандидати за бошњачки член на Претседателството на БиХ се Бакир Изетбеговиќ од СДА, Емир Сулагиќ од ДФ, Фахрудин Радончиќ од СББ, Бакир Хаџиомеровиќ од СДП и независниот кандидат Мустафа Цериќ.

Во трката за хрватски член на Претседателството главни кандидати се Драган Човиќ од ХДЗ и Мартин Рагуж од ХДЗ 1990.

Битката за српски член на Претседателството на БИХ ќе се води меѓу Жељка Цвијановиќ од блокот на СНСД и Младен Иваниќ од коалицискиот партнер на СДС – Партијата за демократски прогрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top