| четврток, 6 декември 2018 |

„Линколн“ на Спилберг од утре во „Синеплекс“

linkoln-630x354

Новиот филм на Стивен Спилберг, „Линколн“, кој беше номиниран за „Оскар“ во категоријата за најдобар филм, e интимна приказна за 16. претседател на САД, кој за време на крвавата граѓанска војна се бори на парламентарните избори да се изгласа амандманот со кој ќе се укине ропството.

Љубителите на оваа историска драма ќе може да го погледнат од утре (четврток, 7 март) во „Синеплекс“.

Филмот со оскаровско педигре на овогодинешното доделување на престижната награда му донесе три награди „Оскар“ на главниот актер, Даниел Деј Луис, кој стана првиот актер во историјата со толкав број признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top