Откако е потврдено дека причината за смртта на Британецот не е опасната заразна болест ебола, укинат е и карантинот на хотелот во Скопје каде што тој престојуваше последните денови од својот живот.
Хотелот по информацијата за можен извор на смртоносната болест која го тресе светот веднаш беше изолиран од јавноста. Денеска по потврдата од германската лабораторија до македонското министерство за здравство дека не станува збор за ебола, гостите во хотелот беа „слободни“ да го напуштат престојувалиштето.
Иако можеби непријатно сега, особено по неколкуте панични моменти кога во хотелот доаѓаа екипи во „скафандери“, иако случката не е воопшто пријатна, може барем да се надеваме дека гостите од странство на сето ова ќе гледаат како на авантура за која ќе раскажуваат кога ќе се вратат дома.
Особено што за случајот пренесоа сите светски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.