| четврток, 6 декември 2018 |

Афлатоксинот М1 се излачува преку млекото и урината на животните

mlekoПроизведувачите на млеко и млечни производи мора редовно да го проверуваат можното присуство на контаминенти во млекото, меѓу кои е и афлатоксинот М1. Изворот на афлатоксинот М1 во суровото млеко е несоодветната крма со која кравите се хранат за време на зимскиот период. Габата Aspergillus, која настанува на житото во полињата и се размножува за време на складирањето во силосите, произведува микотоксин, кој во телото на животните се претвора во токсичен облик афлатоксин М1. Потоа, истиот се излачува од животните низ урината и млекото. Дозволената количина контаминенти во млекото, меѓу кои е и афлатоксинот М1, е пропишана со одредбата од Европската унија ES 1881/2006. Според неа, дозволената количина на афлатоксинот М1 е 0,05 мг/кг млеко, што може да се спореди со едно зрно мак во 6.000 литри млеко.

Од „Љубљански млекарни“ велат дека за да се постигне млеко кое го содржи афлатоксинот М1 во дозволените граници повеќе од 10 години вршат надзор на присутноста на штетните материи во суровото млеко. Потребно е секоја втора година редовно и превентивно да се вршат дополнителни анализи за утврдување на присутност на афлатоксинот М1 во суровото млеко.
– Во сите години на проверка, присутност на афлатоксини никогаш не е утврдена. Испитувањата на суровото млеко ги вршиме во независна лабораторија на Институтот за млекарство и пробиотици, и на тој начин утврдуваме дека афлатоксинот М1 не е присутен во нашите производи над законски определената граница – вели Нева Макуц, директорка на Секторот за квалитет и околинa на „Љубљански млекарни“, од каде што тврдат дека во производството на млечните производи најголемата словенечка млекарница не употребува ниту генетски модифицирани организми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top