| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас повторно доби доверба од парламентот

andonis samarasСите 155 пратеници од владеачката коалиција на некогашните најголеми политички ривали во Грција, нова демократија и ПАСОК, гласаа за доверба на коалиционата влада на Андонис Самарас синоќа по полноќ, додека 131 пратеник од опозиционите партии гласаа против а двајца пратеници беа воздржани по расправата во парламентот.

Самарас ја иницираше расправата за доверба во обид да добие потврда за економските мерки на штедење кои ги спроведува неговиот кабинет, на половина од четиригодишниот мандат на владата и соочен со барањата на опозицијата за предвремени избори. Тој повеќе пати предупредуваше дека опасноста од нова политичка криза во Грција би можела да ги уништи шансите на државата, по 6 години, конечно да излезе од економската рецесија. По гласањето, грчкиот премиер инсистираше дека новите парламентарни избори ќе се одржат по истекувањето на мандатот на владата, 2016-тата година.

Сепак, следниот голем тест за коалицијата Нова Демократија-ПАСОК е во Февруари кога парламентот со гласовите на најмалку 180 од 300-те пратеници во парламентот, треба да го избере новиот шеф на државата. Опозицијата , предводена од левичарската Сириза,  најавува дека ќе го блокира изборот на претседателот на Грција, принудувајќи го Самарас да се согласи на одржување предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top