| четврток, 6 декември 2018 |

Костовска: Материјалите се во Хамбург, мала e веројатностa дека се работи за ебола

Епидемиолошката анализа на материјалите кои се испратени до лабораторијата во Хамбург покажуваат дека има мала веројатност оти починатиот Британец имал ебола, а целосните резулати ќе пристигнат доцна попладне во сабота, изјави Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести.

-Од епидемиолошката анализа на овие податоци, може да се заклучи дека е уште помала веројатноста да станува збор за вирусот ебола. Исто така, во овој извештаен период, добивме потврда од лабораторијата во Хамбург дека материјалот е примен. Пред еден час добивме и потврда дека е започната лабораториската анализа на материјалот, а потврдено ни е дека резултатот ќе го имаме денеска доцна попладне. Сепак, како што најавивме, сé до добивање на финална потврда од страна на референтната лабораторија во Хамбург, продолжуваме да постапуваме согласно медицинските протоколи“, вели Костовска.

Таа додаде дека засега во Македонија нема друг сомнителен случај.

-Лицата кои моментално се наоѓаат во карантин се во добра општа здравствена состојба и не покажуваат никакви симптоми, а особено е важно што меѓу нив нема состојба на паника и покажуваат разбирање за превентивните мерки коишто ги презема здравствениот систем. Уште еднаш сакам да повторам дека иако денеска веројатноста дека станува збор за ебола е уште помала, ние се надеваме на најдоброто, но сепак како здравствен систем сме подготвени и за справување со најлошото сценарио“, заклучи Костовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top