| четврток, 6 декември 2018 |

Врачени наградите „11 Октомври“ на годинашните добитници

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне беа врачени наградите „11 Октомври“ – највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Годинашни добитници на наградата за животно дело во областа на науката и образованието се пулмологот-алерголог д-р Дејан Докиќ и историчарот проф. д-р Зоран Тодоровски.

11 okt 2014 nagradi

11 okt 2014 nagradi 2

Музичарот, педагог и диригент Рамадан Шукри, народниот уметник Вања Лазарова-Димитрова и писателката и академик Катица Ќулавкова се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

11 okt 2014 nagradi 5

11 okt 2014 nagradi 4

11 okt 2014 nagradi 3

Одлуката ја донесе Одбор за доделување на наградата под претседателство на академик Митко Маџунков.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top