Новиот пратеник на Обединетите нации во Сирија, Стефан де Мистура предупреди дека најмалку 500 стари лица и други цивили се наоѓаат во замка во сисрискиот пограничен град Кобане и дека најверојатно ќе бидат масакрирани доколку им паднат в раце на припадниците на Исламската држава.
Де Мистура на конференцијата за печат во Женева потсети на настаните во Руанда во 1944 и во Сребреница во 1996 година, предупредувајќи дека светот би морал да спречи уште една таква катастрофа.
И покрај воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД, екстремистите на ИС досега освоија 40 проценти од градот претежно населен со Курди. Тие денеска гранатираа и сириски граничен премин кон Турција во обид да го освојат и отсечат Кобане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


