| четврток, 6 декември 2018 |

Преку „Фејсбук“ повикувал на самоубиствени напади во Белград

Обвинителството за организиран криминал во Србија ги обвини Абид Подбиќанин, Сеад Плојовиќ, Тефик Мујовиќ, Изудин Црновршанин од Нови Пазар и Ферат Касумовиќ од Белград поради тероризам.

Обвинителството се сомнева дека тие заедно со уште неколку лица чиј идентитет не е познат на фесбук профили поставувале содржини во кои се величи Исламската држава и Левант, повикуваат на борба, насилства и убиства и повикуваат на самоубиствени акции во Рашка, Белград и Рим.

Обвинетите во Србија и регионот, како и во повеќе земји од западна Европа, како Германија, Австрија и Луксембург континуироно собирале парични сретства и го финансирале заминувањето на повеќе граѓани од Србија најпрвин во кампови за терористичка обука  во Сирија, а потоа и во војна. Еден од обвинетите (Мујовиќ) во Истанбул ги дочекувал и ги испраќал лицата кои се упатувале во Сирија, финансирал и организирал нивно префрлање од Турција до камповите за терористичка обука во Сирија, додека Подбиќанин во Сирија, во главниот град Азз, организирал прифаќање, сместување и воена обука на дојдените, а Касумовиќ врбувал човек кој заминал во Сирија и таму погинал во битките.

Според наодите на обвинителството тие во Сириската Арапска Република се приклучиле на вооружениот дел на терористичкото здружение ИДИЛ, во чии борбени единици учествувале во воени акции, а еден од нив (Подбиќанин) командувал со една таква единица.

Засега Сеад Плојовиќ, Изудин Црновршанин и Ферат Касумовиќ се во притвор, а за  Подбиќанин и Мујовиќ е распишана потерница бидејќи се во бегство, а предложено е да им се суди во отсуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top