Најмалку 31 лице загинало, а 360 се повредени во текот на четиридневните протести на Курдите во Турција организирани против политиката на турската влада кон Сирија, изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Ефкан Ала.
Тој рече дека покрај 31 лице кои загинале на протестите, настрадале и двајца полицајци во градот Биногол на југот од Турција додека ги надгледувале демонстрациите, пренесува АФП.
Судирите избиле во 35 турски градови и во нив се повредени 221 цивил и 139 припадници на силите за безбедност и полицијата. Тој повика насилството веднаш да престане и сите да сторат се што е во нивна моќ за запирање на инцидентите.
Ала додаде дека во текот на простестите приведени се повеќе од 1.000 луѓе, затворени се 58 учесници во протестите, а 212 училишта се уништени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.