Уште една компанија од автомобилската индуструја ќе инвестира во Охрид. Градоначалникот Бакрачески го најави влезот на новата странска инвестиција, и според него, досегашните преговори кои ги води македонската Влада и Агенцијата за странски инвестиции, вродиле со плод и најдоцна за еден месец инвестицијата и официјално ќе биде објавена. Се поизвесно е дека инвестицијата ќе се реализира во еден од погоните на ЕМО. Бакрачески најави и целосно рестартирање на овој некогашен индустриски гигант, за што во моментов се воделе преговори со две странски компании. И двете биле заинтересирани ЕМО да го кренат на нозе, рестартирајќи го целокупното произвотство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.