| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го празнува 11-ти Октомври – Денот на народното востание

Македонските граѓани денеска го празнуваат 11-ти Октомври – Ден на народното востание во Македонија. На денешен ден, бил нападнат бугарскиот полициски участок во Прилеп, при што биле прекинати телефонските линии. Оваа акција се смета како прва и значеше почеток на востанието против фачистичкиот окупатор.

Еден ден подоцна, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Македонија со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција  застана на страната на прогресивното човештво.  Народноослободителната војска на Македонија на крајот прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.
Одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година претставуваа крај на оваа војна, со нив се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top