| четврток, 6 декември 2018 |

Три причини зошто е лошо да си пријателка со поранешниот

1. Ќе живееш во минатото
Ако останеш добра пријателка со поранешниот, ќе ти се чини дека ништо не се сменило, но сменето е, повеќе не сте заедно, што значи дека мора да тргнеш од почеток, но тоа не е едноставно ако си блиску до него.

2. Ќе завршите во кревет
Сега можеби не ти изгледа точно ова, но почекај малку. Првиот пат кога ќе се напиете и кога тој ќе се скара со неговата нова девојка, веднаш ќе завршите заедно во кревет. Дури и ако ништо динамично не се случува околу вас, сепак ќе спиете заедно од досада.

3. Ќе му смета на твојот нов дечко
Твојот нов дечко може да биде и најтолерантната личност на светот, но никогаш нема да биде потполно опуштен ако ане дека ти интезивно се дружиш со поранешниот дечко. Прво малку ќе му смета, но подоцна целата работа би можела многу да се искомплицира и да прерасне во голема расправија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top