| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци уапсени во Грција поради организирање борби со кучиња

borbi so kucinja
Во саботата во градот Катерини четворица македонски државјани завршија во затвор во Грција поради организирање борба со кучиња, објави „Канал 5“. Покрај Македонците, во затвор завршиле и тројца Грци.
Грчката полиција го лоцирала местото каде се организирала борбата на кучиња откако до нив стигнала анонимна дојава. Во полициската акција биле уапсени дел од организаторите и учесниците во натпреварите.
Според информациите на „Канал 5“, облогот за борбата на кучиња се движел од 300 до 1.000 евра.
Постапувајќи по новиот закон за заштита на животните од експлоатација или употреба за профит, судот во Катерини веднаш ја изрекол пресудата. Сопственикот на импровизираниот бокс за борење заработил осум месеци затвор и пет илјади евра парична казна, додека четворицата Македонци добиле по два месеци затвор. Останатите уапсени добиле четири месеци затвор и пет илјади евра парична казна.
Во нелегалните борби учествувале седум питбули, чии фотографии ги објавиле грчките здруженијата за заштита на животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top