| четврток, 6 декември 2018 |

Три необични трикови за чистење на автомобилот

Seksi-devojke-peru-automobile-23Чистењето автомобил не мора да биде здодевно и напорно, посебно ако за чистење користите вотка или газиран пијалак. Испробајте три супертрикови што ги користите во вашето домаќинство, а кои вашиот автомобил ќе го претворат во блескав ламаринен миленик.

– Регенератор за коса

Регенераторот за коса е идеален за сјај на каросеријата. Нема да поверувате колку овој препарат за нега на косата може да направи блескав изглед исто како и полирањето. Регенераторот нанесете го на крпа, откако ќе го измиете автомобилот од нечистотијата и премачкајте ја каросеријата. Регенераторот дејствува како восок, а тоа ќе го забележите веднаш по првиот дожд, кога капките од дождот ќе почнат да се лизгаат од вашиот автомобил.

– Газиран пијалак против тврдокорни дамки на стаклото

Тврдокорните дамки на стаклото од автомобилот, како што се дамките од инсекти и птичјиот измет, веќе нема да мора да ги стругате, уништете ги со помош на газиран пијалак.

Ставете крпат под стаклото за да го заштите лакот на капакот на моторот, а стаклото полејте го со газираниот пијалак. Меурчињата ќе ја „изгризаат“ дамката, а а вие ќе ја исчистите со леснотија.

– Вотка како средство за стакло

Можеби не ви се допаѓа мирисот на течноста за стакло, заменете ја со ваша комбинација, која, навистина, ќе дејствува. Промешајте три чаши најевтина вотка и четири чаши вода, потоа додајте две лажички детерѓент за садови со некој убав мирис.

Смесата добро измешајте ја и ставете ја во делот во автомобилот каде што се ставата течноста за стакло. Вотката нема мирис, а содржи алкохол, кој во комбинација со детерѓентот ќе ги отстрани тврдокорните и мрсни дамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top