| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот амбасадор му изрази сочувство на семејството на починатиот Британец

Британската амбасада во Скопје ја потврди смртта на британскиот државјанин кој со симптоми на ебола почина вчера на Клиниката за инфективни болести.

brit

– Во врска со барањата на медиумите би сакале да информираме дека можеме да ја потврдиме смртта на британски државјанин во Република Македонија на 9 октомври. Во овие тешки моменти им изразивме сочувство на семејството и им обезбедуваме конзуларна поддршка. Имаме тесна соработка со нашите партнери од македонската влада по ова прашање, кои водат истрага за случувањата. Исто така, сме во комуникација со други британски државјани кои се засегнати од овој тажен настан – вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top