
Владина делегација, предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски ќе ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија пред бизнис-заедницата на Далас, Соединетите Американски Држави.
Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот Пешевски, на бизнис-форумот што ќе се одржи денеска, во 12.00 часот по локално време, ќе учествуваат претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги.
По завршувањето на форумот, делегацијата во чијшто состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотор Васко Давидовски, ќе одржи и поединечни средби со раководството на низа компании, кои се заинтересирани за проширување на нивните капацитети во Европа.
– Овој вид средби имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со инвестициските можности и предности, кои ги нуди Република Македонија, во однос на своите конкуренти на глобалниот пазар – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони
-
ССК: Жените претпримачи да ги искористат можностите за раст и развој на бизнисот


