| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за вработување во СЦ „Борис Трајковски“

По примерот на светските метрополи, со Саемот за вработување ќе им се даде можност и на младите луѓе во Македонија, кои сега се определуваат за своето образование и работа која сакаат да ја работат, да дознаат што бара пазарот на труд, со цел нивно вработување по завршувањето на образованието

132318351

Во вторник, на 14 октомври, Скопје ќе биде домаќин на првиот Саем за вработување во Република Македонија. На еднодневниот саем, кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“, ќе бидат присутни повеќе од 80 компании од Републиката, со цел нивно доближување до граѓаните и можност да пронајдат кадар кој би бил соодветен за отворените работни позиции во истите.

По примерот на светските метрополи, со Саемот за вработување ќе им се даде можност и на младите луѓе во Македонија, кои сега се определуваат за своето образование и работа која сакаат да ја работат, да дознаат што бара пазарот на труд, со цел нивно вработување по завршувањето на образованието.

– На наше огромно задоволство, сите оние кои активно бараат работа и сакаат да се запознаат со можностите понудени на пазарот на труд, тоа ќе можат да го сторат во СЦ “Борис Трајковски,”, на првиот Саем за Вработување. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10 до 19 часот, а веруваме дека одзивот ќе биде голем, пред се поради фактот дека ќе бидат присутни најголемите работодавци во државата, воедно најуспешните македонски и странски компании – изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување.

На Саемот, ќе бидат застапени компании од различни категории, се со цел овозможување богата понуда за што поголем број профили и струки. Посетителите ќе можат да слушнат и интервјуа со претставници на компаниите кои ќе се одвиваат на главната сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top