Во последните три недели околу 100.000 лица побегнале од реонот на судири во околината на либискиот главен град Триполи, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
Комесаријатот предупреди дека во последните денови е рагистирано интензивирање на судирите меѓу спротивставените страни во повеќе реони на Либија.
Поради судирите, околу 287.000 лица од 29 либиски градови биле принидени да ги напуштат своите домови, потенцира УНХЦР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


