| четврток, 6 декември 2018 |

31 жртва, илјадници уапсени, огромна штета – биланс од безредијата во Турција

Protesti Turcija 32Триесет и едно лице загинаа досега во немирите што избија за време на протестите во Турција изминатите денови против операциите на џихадистичката групација Исламска држава во сирискиот град Кобани, кој е населен претежно со Курди, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала. Протести се организирани во 31 округ од вкупно 81 округ. Меѓу жртвите има двајца припадници на силите на редот, а ранети се вкупно 351 лице, од кои 221 се цивили.

Привремено во врска со немирите биле уапсени 1.024 лица, од кои 58 се задржани во притвор. Нанесена е огромна материјална штета, односно опожарени или разурнати се 1.113 згради, а 1.177 автомобили се уништени.

Ала додаде дека се ликвидирани петмина терористи вмешани во вчерашниот напад во источниот округ Бинѓол врз локалниот началник на полицијата. Во нападот беа убиени двајца полицајци, а нашалникот на полицијата во Бинѓол е ранет.  Ала додаде дека тој е во добра состојба.

Илјадници Курди излегоа на улиците оваа недела за да протестираат против, како што сметаат, одбивањето на Анкара да помогне во одбрана на градот Кобани, кој се наоѓа на границата меѓу Турција и Сирија и кој со недели е под опсада на борците од ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top