| четврток, 6 декември 2018 |

Тетарот за деца и младинци на фестивал во Крагуевац

plakati_nasiot_klas

Театарот за деца и младинци од Скопје учествува на Интернационалниот Фестивал „Јоакиминтерфест“ 2014 во Крагуевац, Србија, каде што на 12 октомври (20 часот) ќе ја одигра претставата „Нашиот клас“ во Књажевско Српско Позориште.

– Ова е првпат нашиот театар да биде селектиран на еден меѓународен фестивал, кој не е профилиран како детски фестивал, со една младинска претстава во официјалната конкуренција за награди – соопштуваат од Театарот.

Режисер на претставата е Владимир Милчин, а текстот е на Тадеуш Слобоѓанек. Во претставата играат: Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Емра Куртишова, Драган Довлев, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Мики Анчевски, Мартин Јордановски, Бојан Кирковски и Ненад Митевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top