| четврток, 6 декември 2018 |

Скафандери во хотелот-карантин

doktori-pred-hotel.1-jpg

Лица со скафандери и денеска влегоа во хотелот „Супер 8“, каде што престојувал британскиот државјанин за кој постои сомнение дека починал од ебола. Според неофицијалните информаци нема простор за паника.

doktori-pred-hotel-3

Лекарскиот тим со заштитна облека влегол да ги посети гостите во хотелот, како и персоналот, кои се во карантин. По кратката комуникација со присутните и здравствените прегледи, тие го напуштиле хотелот.

Инаку во карантин се сите гости, како и персоналот на хотелот. Тие ќе останат таму се додека не се добијат официјалните резултати од лабораторијата во Германија.

doktori-pred-hotel-2

Фото: Ѓ. Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top