| четврток, 6 декември 2018 |

Од изјавата на оваа брачна двојка папата поцрвени

ron i mejvisАвстралиската брачна двојка Рон и Мејвис Пирола изјавиле дека сексот го одржал нивниот брак. Брачната двојка, која е 55 години во брак, држела говор на вонредниот синод во Ватикан.

papa francisПред папата Франциск и пред околку 200 бискупи од целиот свет откриле многу детали за заедничкиот живот.

Сопружниците изјавиле дека квалитетниот секс, телефонските повици, љубовите пораки и сите убави нешта што си ги приредувале еден на друг придонеле да се одржи нивната романса во овие тешки времиња.

По нивното обраќање, британскиот кардинал Винсент Николс изјавил дека нивниот говор е „малку необичен“. Кардиналот, исто така, изјавил дека бискупите не разговараат на оваа тема, но дека му е драго што австралиската двојка била отворена.

Мејвис Пирола на вонредниот синод говорела и дека Католичката црква треба да ги прифати хомосексуалците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top