| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите од ИД нападнаа премин на сириско-турската граница

ФОТО: ЕПА

ФОТО: ЕПА

Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска извршија артилериски напад врз премин на границата меѓу Сирија и Турција, во рамки на офанзивата за освјување на стратешки важниот сириски град Кобане, каде што мнозинството од жителите се Курди.

Како што информира локалниот претставник на сириските Курди, Идрис Насан, џихадистите се обидуваат да го прземат граничниот премин со цел да ги опколат курдските борци во Кобане и да спречат пристигнување помош во градот.

Нападот врз граничниот премин го потврди и Сирискиот центар за надзор на човековите права со седиште во Лондон, кој информира дека џихадистите бомбардирале повеќе делови на Кобане.

Според Центарот, во борбите кај Кобане досега загинале повеќе од 500 лица.

ИД ја почна офанзивата во реонот на Кобане кон средината на септември, а на почетокот на неделава џихадиситчките борци навлегоа во делови на градот. Напредувањето на исламистите беше упорно, со интензивирањето на воздушните напади на коалициските сили предводени од САД врз позициитте на ИД во околината на Кобане.

Неофицијално се тврди дека џихадистите веќе контролираат една третина од Кобане, но, според Насан, таквите информации се неточни.

– Можам да потврдам дека не контролрираат една третина од градот. Само мал дел од Кобане е под контрола на ИД – нагласи Насан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top