| четврток, 6 декември 2018 |

До понеделник ќе се аплицира за отпис на долговите

отпис

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес информираше дека до вчера биле поднесени 36.369 барања.

– Денес е претпоследниот ден. Очекуваме в понеделник да има и зголемен број граѓани кои ќе поднесат барање за еднократен отпис на долговите. Сакам уште еднаш да потенцирам дека продолжување на рокот нема да има и заклучно со понеделник е последниот ден кој граѓаните можат да го искористат за да дојдат во центрите за социјална работа и да поднесат барање за еднократен отпис на долговите –  рече Спасов.

Министерот потенцира дека сите оние кои ќе поднесат вакво барање треба конкретно да назначат на која категорија граѓани припаѓаат, односно дали се приматели на социјална парична помош или невработени повеќе од 12 месеци, како и да го назначат долгот за кој бараат отпис.

На тој начин, рече Спасов, комисијата ќе може полесно да постапува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top