| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП го продолжи рокот за поднесување даночни пријави и извештаи

ujp

Управата за јавни приходи донесе одлука, роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за уште пет работни дена.

Откако сметководителите алармираа дека има проблеми со системот е- даноци, Управата за јавни приходи донесе одлука, роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за уште пет работни дена.

Па така, крајниот рок за ДДВ – 04 пријава сега е 1-ви февруари, а за годишните извештаи 7-ми февруари, како резултат на масовното, а отежнато поднесување на пријавите и извештаите, соопштија од УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top