Унгарските гранични служби од утре за влез во шенген просторот ќе бараат од сите патници од трети земји да остават отпечаток од прст.
Ова го соопштила унгарската полиција наведувајќи дека станува збор за примена на обврските од шенгенскиот договор постигнат во 2011 година за воведување визен информационен систем (ВИС), чија примена треба да почне во рок од три години.
Во официјалното соопштение на унгарската полиција се наведува дека унгарската граница е крајна во шенген зоната, па така отисоци од прсти ќе се бараат на граничните премини со Украина, Хрватска, Романија и Србија. Дополнителната мерка со оставање отисоци од прстите која треба да донесе поголема безбедност во шенген просторот.
Оваа мерка се однесува на патниците кои барале и добиле влезна виза од некои членки на шенген зоната. Отисокот што ќе биде земен на граничниот прем нема да биде архивиран во системот, туку ќе биде споредуван со отисокот даден за време на добивањето на визата. Овој метод, според унгарската полиција ќе биде задолжителен при влез во шенген зоната, а при излез ќе се работи по метод на случаен избор.
На граничните премини полицијата е опремена со мобилни уреди и заблагодарувајќи на темелните подготовки не очекуваат се подолги задржувања на граничните премини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Само пасошот нема да ви биде доволен: За влез во ЕУ не ви треба виза, ама ќе ви треба дозвола и платена такса
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија