| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Два животи“ вечерва се отвора 10. издание на Фестивалот на новиот германски филм

unnamed

Грижливо селектираните филмови кои ќе се прикажат на овогодишното фестивалско издание на новиот германски филм ќе понудат жанровска разновидност, но, секако, стандардизиран германски квалитет, односно ќе биде понудена една избалансирана, разновидна филмска програма, која нуди избор за сите целни групи – од најмлади до најстари…

Десетгодишнината се обележува денес во 19 часот на свеченото отворање на Фестивалот во кино „Милениум“.

Тие што го следат фестивалот од самиот почеток знаат дека секој филм за овој фестивал е селектиран со германско внимание и дека нема случаен или залутан филм на кој публиката би била сè освен не рамнодушна, а најчесто трогната, замислена и емотивно допрена.

И оваа година сите претстави, освен свеченото отворање во кино „Милениум“, ќе се прикажуваат во кино „Фросина“, во рамките на МКЦ, со почеток во 19.00, 20.00 и 21.00 часот, како и викендот од 13 часот за проекциите наменети за најмладите во кино „Милениум“, во периодот од 11 до 16 октомври. Репертоарот на овој фестивал изобилува со избор за сите вкусови, од филмови за најмладите, преку драмите до документарците во кои граѓаните на Скопје, заедно со Велес, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и Охрид, ќе можат да го проследат и десеттото издание.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top