| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре автобус во гаражата на штипската конфекција „Мавис“

бус 2

Пожарот е изгаснат со интервенција на екипи на ТППЕ Штип, со што било спречено истиот да се прошири и целосно да изгорат сите дванаесет автобуси, колку што ги имало во гаражата.

-Некаде по 20 часот, добивме информација од службата за обезбедување дека во фабриката има запален автобус. Се упативме со осум пожарникари и две возила.Беше многу тешко за работа затоа што имаше паркирано 10-12 автобуси, а растојанието меѓу нив беше околу 50 сантиметри. Гледавме да ги спасиме другите автобуси. Тој што беше запален целосно изгоре. Само автобусот до запалениот имаше три испукани стакла. Пожарникарите со помош на службата за обезбедување на фабриката го изгаснаа пожарот за околу 25  минути – информира Киро Патраклиски, раководител на ТППЕ Штип.

Надлежните органи ја утврдуваат причината за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top