| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатиот човек на светот тврди – ќе се работи три дена во неделата

karlos-slim2

Најбогатиот човек на светот, мексиканскиот милијардер Карлос Слим (74), смета дека во иднина  ќе се работи само три дена во неделата. Според Слим, работниот ден ќе има 11 часа, а во пензија ќе се оди со наполнети 75 години.

Слим повика на радикална реорганизација на деловниот и приватниот живот на модерниот човек за да се отвори повеќе простор за слободни активности и престој со семејството. Слим верува дека неговиот концепт ќе влијае позитивно не само на зголемувањето на задоволството на секој поединец, туку и на економијата и на финансискиот пазар.

– Со три работни дека во неделата имаме повеќе време за опуштање и квалитетен живот – вели телекомуникацискиот тајкун чие богатство вреди повеќе од 80 милијарди долари.

Тој, исто така, додава дека фабриките треба да работат 24 часа, луѓето заслужуват повеќе слободно време кое ќе може да го искористат за одмор, забава и за тренирање за друга работа.

Мексиканецот не објаснил дали новиот концепт вклучува и намалување на платата со падот на работните часови. Сепак, на работниците во својата компанија „Телмекс“, неодамна одбил да им ја зголеми платата, но на оние кои имаат над 50 години, а работат во фабриката од завршувањето на средното училиште им овозможил да заминат во пензија или да продолжат да работат за полна плата само четири дена во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top