Персоналот, вработени и гости во хотелот ќе бидат во карантин најмалку три дена.
Ќе бидат затворени и под лекарски и епидемиолошки надзор се до добивање на резултатите од лабораторијата во Франкфурт кои треба да покажат дали починатиот англичанец кој бил гостин во хотелот има ебола или друго заболување, пишува „здравство24“.
Како што велат епидемиолози за zdravstvo24.mk, карантинот е според меѓународните протоколи и може да биде и продолжен во зависност од резултатите.
Доколку е некој вид хеморагична треска, персоналот и гостите ќе бидат под надзор се до инкубацискиот период на болеста. Направена е и целосна дезинфекција на просторот како и на некои објекти во близина на хотелот. Потребните дезинфекциски мерки се направени и на Клиниката за Инфективни болести како и на возилото од Брза Помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира