| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен маркет во Тетово

provala pistol
Тетовец вооружен со пиштол ограбил маркет вчера во Тетово. МВР соопшти дека вчера околу 21 часот, тетовец вооружен со пиштол извршил разбојништво во „Кипер маркет“ во Тетово.
Според полициските податоци, тој ѝ се заканил на вработената, 26-годишната А.С. Таа пружила отпор, по што тој ја турнал и ѝ го одзел нејзиниот паричник, во кој имало 1.400 денари и лични документи.
Тетовската полиција трага по сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top