| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија и Романија неподготвени влегоа во ЕУ

 

Европската унија треба да биде повнимателна при проверките на земјите-кандидати дали ги почитуваат човековите права пред да станат членки на ЕУ, препорачаа членовите на Комитетот за ЕУ во Домот на лордовите во британскиот парламент.

Комитетот забележува дека Романија и Бугарија станале членки на Европската унија пред да бидат подготвени, односно пред да ги завршат реформите во судството и пред да се справат со корупцијата.

Комитетот, исто така, изрази голема загриженост поради тоа што на Кипар му било дозволено да стане членка на ЕУ во 2004 година и покрај билатералниот спор со Турција за Северен Кипар, што сега предизвикува сериозни последици за напредокот на Турција кон зачленување на Европската унија.

Сепак, членовите на Комитетот признаа дека проширувањето на Унијата е позитивно и дека го поттикнува економскиот развој и безбедноста на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top