
За да бидете здрави и среќни, мора да водите здрав живот, да бидете активни, да се движите и да се храните здрави. Но, постојат три работи од кои мора да се откажете, за да ослабнете еднаш за секогаш.
Ден за опуштање
Многу диети не се толку строги и дозволуваат еден ден да се опуштите и да не се придржувате кон диетата. Но, тогаш најчесто се претерува. Бидете умерени во исхраната.
Седумдневна диета
Колку пати сте држеле седумдневна диета? Ви успеа да ги намалите килограми? Понекогаш тие диети може да бидат успешни, но само ако се придржувате кон диетата од збор до збор. Не може да направите голема промена за седум дена. За здрав живот е потребно повеќе време.
Чувство на вина
Кога ќе каснете нешто, немојте да имате чувство на вина, дури и ако претерате. Тогаш ќе бидете само нерасположени и пак ќе јадете, за да се утешите и така влегувате во еден магичен круг. Внимавајте на своите избори и на количината на она што го јадете. Ако изедете повеќе, простете си себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


