| четврток, 6 декември 2018 |

Братушек ги стави во „тесно“ и Брисел и Љубљана

Аленка Братушек- словенијаПретседателот на ЕК Жан Клод Jункер мора до понеделник да одлучи за пакетот еврокомесари кои ќе добијат „црвен картон“, а дали меѓу нив ќе биде и поранешната словенечка премиерка Аленка Братушек, останува да се види. Комисиите за индустрија и екологија на Европарламентот со големо мнозинство ја отфрлија кандидатурата на Братушек за потпретседател на ЕК задолжена за енеретика.

братусекккСамо 13 од 137 пратеници гласале за неа, а 122 биле против. Јункер би можел даинсистира за Братушек, но и да се доведе во опасност цела комисија да не му „помине“ целиот кабинет на гласањето на 22 октомври. По неславното сослушување на Братушек, која сама бараше да биде комесар за енергетика, медиумите велат дека сега во Словенија „е отворена сезона на лов за нов кандидат за ЕК“. Се очекува (веројатно денеска неофицијално би се дознало) кој ќе ја замени.

Премиерот Миро Церар, кој од почеток се противеше на Братушек, би сакал во Бриселда ги испрати или лидерот на ДЕСУС, Карл Ерјавец и европската пратеничка од минатиот мандат Тања Фајон.

Tanja FajonЈункер според медиумите по дебаклот на Братушек, мудро молчи. Велат дека бил од оние кои сметаат дека на Братушек терба да и се даде уште една прилика и повторно да има сослушување. Сепак, во ЕП има мислење дека нејзиниот настап бил толку лош што не би имала прилика да го поправи впечатокот. Од Јункер, кој до сега секогаш бил на нејзина страна, може да се очекува да истрае во намерата од Словенија да има кандидат од редовите на Либералите и тоа жена која веројатно би имала друг ресор, а потпретседателското место, ветено за Словенија, сепак да биде доделено на друга држава.

Извори од Брисел за медиумите велат дека Братушек сега во непријатна положба го довела премиерот Церар и следниот кандидат бидејќи европратениците ќе бидат повнимателни и критични. Доколку тој нов кандидат не би бил политички адекватен, вешт доволно стручен, поткован и изразено проевропски настроен, без поголеми скандали и секако без проблемо со антикорупциската комисија, може да се случи истата непријатна ситуација да се повтори.

MIRO CERARСловенечката влада добила совет да најбрзо да го контактира Јункер и да се се договори која област би ја преземал новиот кандидат. Церар по резултатите не шпекулираше околу името на новиот кандидат иако посочил дека веќе имал првични консултации во екот на редовниот состанок на ЕУ посветен на вработувањето, во Милано, со претседателот на ЕП, Мартин Шулц. Церар посочил дека тогаш добил повеќе совети кои ќе му користат во барањето нов кандидат, но не е познат клучот според кој ќе го бара, велат медиумите во Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top