Во центарот на Скопје вчера попладне случајните минувачи биле сведоци на несекојдневен настан. Додека полицијата ја расчистувала улицата кај стоковната куќа „Мост“ за да помине колоната со возила од делегацијата, возило со брзина од 150 километри на час влетало среде колоната. Делегацијата се движела со полициска придружба и полицајците веднаш тргнале по него.
– Имаше полицајка што го регулираше сообраќајот и ја чистеше улицата за да помине делегацијата. Тогаш еден возач со огромна брзина, од правецот на Бит-пазар им пресече пат и влезе во делегацијата. Полицијата веднаш реагираше. Со вклучени ротациски светла тргнаа по него, но тој се одвои и замина во правец на Центар, каде што, најверојатно, успеале да го застанат – вели еден очевидец на настанот.
Додава дека сликата била страшна бидејќи малку недостигало за возачот со огромна брзина да се забие во некое од возилата, кое, очигледно, превезувало некоја важна личност со оглед на полициската придружба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


