
Министерот за здравство, Никола Тодоров, престојува во работна посета на Италија во рамки на која се сретна со ректорот на Универзитетот „Сапиенца“ во Рим, Еугенио Гаудио. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот и Министерството за здравство на Република Македонија.
Со потпишаниот Меморандум за соработка, соопшти Министерството за здравство, се утврдени аспектите на заедничка соработка и размена на искуства, преку организирање обуки и едукации за доктори-специјалисти, медицински сестри, перфузионисти и други здравствени работници од Република Македонија во рамки на Универзитетот Сапиенца во Рим, програми за стручни престои на медицински специјалисти, особено од областа на кардио-васкуларна хирургија, анестезиологија и кардиоваскуларни болести, како и обуки организирани од страна на медицински експерти од Универзитетот Сапиенца во релевантни медицински центри во Република Македонија.
Воедно, на средбата беше разгледана можноста за организирање повеќемесечни престои (3 – 6 месеци) на специјализанти од Република Македонија во рамки на овој реномиран Универзитет. Универзитетот Сапиенца во Рим е меѓу најголемите универзитети во Европа, а воедно е најстар државен универзитет во Рим, кој е рангиран меѓу најдобрите 30 универзитети во Европа според Шангајската листа, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто


