| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за напуштање на живеалиштето за приведените судии

На судското сослушување доцна синоќа се одредени превентивни мерки на лицата што вчера беа приведени во полициската акција „Јустиција“.

Uapseni sudii 4 zamateni (4)

За 19 лица, судијата одреди забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и забрана за преземање  определени работни активности што се поврзани со кривичното дело додека за другите пет лица, исто така, е определена забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, и им е определена обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган.

Во однос на работењето на одделот за прекршоци, од судот информираат дека од 2013 година се преземени активности за подобрување на работата на одделот во смисла на сите претходно дадени забелешки од страна на повисокиот суд за начинот на работа на судиите. На почетокот на  годината е направен попис на сите предмети во овој оддел и за нивната состојба. Донесени се интерни упатства за начинот на постапување во согласност со Законот за прекршоци, и другите закони по кои постапува одделот,  а сето тоа во насока на уедначување на судската практика. Покрај редовните, воведени се и вонредни, месечни контролни извештаи за предмети пред застарување за да се добие појасна слика околу работењето на судиите во одделот, а истовремено констатирана е состојба на групи предмети каде што се јавува едно исто лице повторник,  кои варираат од 10 до 150 предмети за едно лице, и се групирани кај еден судија по повторник, со што е забрзано постапувањето по овие предмети и е намален обемот.
Uapseni sudii 4 zamateni (1)
Во текот на 2013 година со спроведените вонредни контроли преку судската управа, констатираните неправилности тековно се отсранети, па токму затоа во тековната 2013 година, одделот за прекршоци покажува вонредно подобри резултати за разлика од претходните години, што може да се потврди и во годишните извештаи како на судот така и на повисоките судски институции. Воедно, за одредени неправилности во работењето на одделот, редовно е известуван и Судскиот совет на РМ, кој некои судии ги оцени негативно, а некои ги разреши.
Одделот за прекршоци работи со фонд од околу 25.000 предмети, а  со спроведување на АКМИС – системот во 2008 година, одделот за прекршоци не бил внесен во овој систем и сè уште работел со старо софтверско решение, а извештаите за работа се изработувани рачно, но со одлуката за префрлување на предметите кај истражните судии тие се внесени во системот со цел поголема контрола, ажурност и следење на роковите за постапување и евиденција во АКМИС – системот. Со оваа реорганизација во одделот за прекршоци сега се останати само предметите по сообраќај, кои се околу 17.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top