| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во турската репрезентација, Торе со пиштол ги дисциплинирал соиграчите

Голем скандал се случил во кампот каде што се подготвува турската репрезентација за квалификацискиот меч со Чешка за настап на фудбалското ЕП во Франција, а во фокусот е каубојското однесување на Гокан Торе, кој се обидел со пиштол да воведе ред. Фудбалерот на Бешикташ влегол во собата кај соиграчите Хакан Чалханоглу и Омер Топрак и им се заканувал со пиштол. Тројцата репрезентативци на Турција имаа нерасчистени сметки уште од лани, кога се случи сличен инцидент.

tore

Пред натпреварот со Холандија пред 11 месеци, Торе им се заканувал на Чаханоглу и на Топрак дека ќе настрадаат ако му се спротивстават. И тогаш наводно „играл“ пиштолот, но инцидентот набрзина бил сокриен од јавноста.

Овојпат турските медиуми го открија насилничкиот акт на Торе, кој не беше повикуван во националната селекција од инцидентот пред мечот со Холандија. Проблемот во турската репрезентација е што има поделба на играчите на домашни и странци, односно на играчи што настапуваат во турското првенство и во странски клубови. Торе е член на Бешикташ, а Чалханоглу и Топрак играат за германскиот Бундеслигаш Баер Леверкузен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top