Лидерот на ДПА денеска се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав, кој му го врачи извештајот за напредокот на Македонија. Тој на средбата го известил Орав дека пратениците на ДПА планираат да се вратат во Собранието, но конечната одлука за враќање во Собранието ќе биде донесена на конгресот на партијата кој ќе се одржи на 12 октомври.
– Претседателот Тачи го информирал амбасадорот Орав дека по партискиот конгрес, кој ќе го одржиме на крајот на оваа недела, органите на партијата ќе се состанат и ќе донесат одлука за враќање на ДПА во Собранието – изјави портпаролот на партијата, Љуан Треси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.