| четврток, 6 декември 2018 |

На убиецот на Лука му се заканува 10-годишна затворска казна

На триесет и тригодишниот Марко Миличев му се заканува 10-годишна казна бидејќи предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина 21-годишниот Лука Јовановиќ, дознава српски „Ало“.

ubiec na luka

Тој се товари за тешко дело против бебедноста на јавниот сообраќај, ќе биде казнет за непружање прва помош на лицето кое е повредено во сообраќајната несреќа, за што му се заканува затворска казна од 10 години и 11 месеци.

Покрај Марко, обвинет е и неговиот кум Братислав Вешовиќ Вешо и таксистот Саша Јанковиќ, кои се товарат за помагање.

На Миличев вчера му беше продолжен притворот кој му е одреден на 19 август. За него беше распишана потерница бидејќи беше во бегство и беше усапсен на 29 август во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top