| четврток, 6 декември 2018 |

Нова книга од Димитар Мирчев

dimitar-mircev

Kнигоиздателството „Зеница“ го објави делото на професор Димитар Мирчев – „Балканскиот мегаетникум. Националните доктрини на македонските соседи“.

Во книгата професорот Мирчев претставува десет документи, фрагментарно и оригинално, објавени во последните 15-20 години во соседните земји, инструментализирани во надворешната политика на тие земји. Тој изведува, според рецензентите, една методолошки беспрекорна теориско-критичка анализа на тие доктрини и документи и констатира дека тие се во голема мера инструментализирани во политиките на балканските земји. Особено во политиките кон Македонија. Но, анализата на авторот се однесува и на многу прашања врзани со етникумот и етногенезата, нацијата, идентитетот и конститувноста, сè во светло на модерната светска доктрина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top