| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевна вечер со Лидија Димковска во меморијалниот дом на Роберт Музил

лидија1

На покана на Институтот за литература „Роберт Музил“ при Универзитетот во Клагенфурт, Австрија, синоќа во меморијалниот дом на големиот австриски писател Роберт Музил се одржа книжевна вечер со Лидија Димковска.

Пред публиката Димковска се претстави со избор од поезијата од поетската збирка „Чесна девојка“ во препев на германски јазик на Александер Зицман, со нови препеви од поезијата објавени во последниот број на најугледното германско спсание за литература „Акценте“, како и со извадок од романот „Резервен живот“, исто така во превод на Александер Зицман.
Преводите на германски ги интерпретираше Едит Химелбауер, а разговорот со Димковска го водеше координаторот на Институтот, Фабијан Хафнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top