
Кејт Мидлтон, најубавата трудница во моментов, ја откри тајната која сите сакаат да ја знаат – таа носи девојче!
Иако првите месеци од бременоста ѝ беа мачни, на војводтката од Кембриџ бременоста сега совршено ѝ прилега. Јавните настапи на кои се појавуваа јасно покажуват дека таа се чувстува одлично. Вчера Кејт Мидлтон ги посети пацинетите во болницата „Свети Ендрју“, каде што беше дочекана со воодушевување.
Облечена во елегантен темен капут, кој совршено ја нагласува нејзината вита трудничка линија, и со црни чевли, таа едноставно блескаше. Со пуштена коса и со широка насмевка на лицето, таа трпеливо се поздравуваше со сите. За четири месеци таа ќе стане мајка и несакајќи ја издаде тајната дека носи девојче!

Од пристутните, Кејт доби подарок мече и не можеше да ги сокрие чувстувата и возбудено проговори дека тоа ќе биде совршен подарок за нејзината кук….. Иако не ја заврши реченицата до крај, медиумите веќе пренесоа дека станува збор за девојче, а војвотката сакала да каже „кукличка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


