Пет цивили загинаа во гранатирањето на Донецк, градот на истокот на Украина, соопштија денеска локалните власти. Како што наведоа, ова се жртви од синоќешното интензивно гранатирање. Агенцијата АФП јави дека и во утринските часови се слуша ракетен оган. Градските власти на Донецк објавија дека во еден дел од градот се уништени неколку станбени згради и дека се погодени два трговски центра.
Во вчерашното гранатирање загинаа најмалку две лица. Во Женева е соопштено дека од почетокот на конфликтот на исток на Украина до 6 октомври загинале 3.660 лица, а се ранети 8.756 лица.
Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права наведе дека од прогласувањето на примирјето на 5. септември загинале 331 лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


