| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ: Путин и Порошенко, најверојатно, ќе се состанат во Италија

Претседателот на Русија, Владимир Пути, би можел да се состане со својот украински колега Петар Порошенко на маргините на самитот во Италија, кој се одржува на 16 и 17 октомври, рече денеска советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков.

Кремљ работи на тоа на состанокот да присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, релок Ушаков за агенцијата АФП.

– Кремљ е вклучен во тоа, евентуалните контакти се разработуваат – додал Ушаков.

Путин и Порошенко се сретнаа во јуни на церемонија на одбележување на Денот Д во Нормандија и во Минск во август кога разговараа за судирите во источна Украина.

Во Италија ќе биде одржан дводневен азиско-европски самит (АСЕМ), а покрај Путин, кој го потврди своето доаѓање, се очекува да присуствува и Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон, како и кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top