Перо Антиќ се враќа на тренинзите на Атланта по инцидентот што го имаше пред една недела на еден тренинг за клубот, а по кој заработи скршеница на носот.
Тој ќе работи одвоено од тимот и ќе мора да носи заштитна маска. Од клубот информираат дека за инцидентот е „виновен“ дебитантот Адриен Пејн, кој со лакотот директно го удрил Перо во носот и му го скршил. Врз Антиќ е извршена мала хируршка интервенција, по што е санирана повредата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.