| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ: Македонија со највисок раст од земјите од регионов

Македонската економија годинава ќе заврши со раст од 3,4 отсто, наредната 3,6 отсто и во 2019 година економскиот раст ќе изнесува 4 отсто. Според најновиот извештај на  Меѓународниот монетарен фонд, објавен на годишното Собрание во Вашингтон,  растот е најголем од сите земји во соседството и во регионов.

Според извештајот, инфлацијата годинава ќе изнесува 0,6 отсто и 2,3 отсто во наредната. Дефицитот на тековната сметка е проектиран на 4,6 отсто и 5,7 отсто во 2015 година.

Прогнозите за глобалниот економски раст се намалени, по трет пат оваа година. Според ММФ, светскиот раст разочара, забавувањето е кревко, бавно и нерамномерно, последиците од кризата сѐ уште се чувствуваат, невработеноста и натаму е висока.

Од ММФ порачаа владите да инвестираат во инфраструктурни проекти, дури и ако тие се финансиираат со задолжување. Тие инвестиции се премногу значајни за да се поттикне растот и да се отворат нови работни  места. Кризата со Русија и Украина и евентуалното зголемување на цената на енергентите, според ММФ, сѐ уште не може да се измери колкаво негативно влијание ќе има врз целокупната економија. По објавениот извештај, веднаш реагираа цените на акциите на Волстрит, кои паднаа за еден процент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top