| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт во чест на еден од најголемите тенори во светот, Енрико Карузо во МНТ

Театарот Сан Карло е еден од симболите на Неапол, храм на италијанската опера. Отворен е на 4 ноември 1737 година и е најстара опера во Европа, која континуирано работи до денес. Ансамблот музичари на овој театар гостуваат во МНТ како дел од програмата на второто издание на Џифони Македонија со перформанс, омаж на еден од најголемите тенори Енрико Карузо

16361_1024

Најстарата оперска куќа во Европа, Театар Сан Карло од Неапол, Италија, вечерва гостува во Скопје, во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) со концерт, омаж „Легендарниот Карузо“.

На концертот  ќе настапат хорот и инструменталниот ансамбл на солистите од Театар Сан Карло.

– Вкупно 18 члена, од кои четворица тенори, ќе настапат на концертот во Скопје. Со нив ќе допатува и директорката на Театарот и со ова гостување очекуваме да се продлабочи културната соработка меѓу Македонија и Италија – изјави Дарко Башевски, директор на Агенцијата за филм.

Театарот Сан Карло е еден од симболите на Неапол, храм на италијанската опера. Отворен е на 4 ноември 1737 година и е најстара опера во Европа, која континуирано работи до денес. Ансамблот музичари на овој театар гостуваат во МНТ како дел од програмата на второто издание на Џифони Македонија со перформанс, омаж на еден од најголемите тенори Енрико Карузо.

– Ќе ја имаме честа на нашата сцена да настапат големи музичари, кои се модел за сите тенори во светот – изјави Елена Величковска-Николовска, дирекорка на Здружението за ширење на филмската култура „Џифони М“.

Театарот Сан Карло е еден од симболите на Неапол, храм на италијанската опера. Денес тој вклучува опера, танц, музички концерти, балет, театарски претстави. Сезоната за опера е од јануари до мај, а балетската од април до јуни.

Тројца тенори, Луиџи Страцуело, Џузепе Валентино и Микеле Мадалони ќе изведат дела од познати арии од авторите Бизе, Тости, Доницети, Верди, Пучини, Маскањи и Росини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top